x

FaceApp: Голема измама на Русите или безопасен тренд?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 19 Јули, 2019 од GSM.mk

FaceApp моментално е една од најсимнуваните апликации, а социјалните мрежи се преплавени од фотографии на обични луѓе и славни личности што покажуваат како би изгледале остарени. Но овој несекојдневен филтер за селфи со себе донесе и одредена доза паника.

На социјалните мрежи почнаа да кружат предупредувања дека со симнувањето на FaceApp даваме „постојана, неотповиклива, бесплатна и универзална“ дозвола за „користење, репродукција, модифицирање, адаптирање, објава, пренесување и создавање на други дела“, а она што особено ги вознемирува корисниците е шпекулацијата дека сопственик на оваа апликација е извезен Русин.

Некои извори тврдат дека апликацијата може да пристапи до сите ваши фотографии, но од FaceApp тврдат дека тоа не е точно, односно дека е достапна само фотографијата која вие сакате да ја измените.

Исто така, според Wired, „поголемиот дел“ од фотографиите се бришат од серверот во рок од 48 часа.

Ако сакате FaceApp да ги избрише сите ваши податоци од серверот, тоа може да го побарате така што ќе ја отворите апликацијата, ќе кликнете на Settings, потоа Suport, па Report a Bug и како subject ќе наведете Privacy.

Иако се придржува до правилата на Apple за користење фотографии, некои експерти сметаат дека на корисниците не им е доволно ставено до знаење дека фотографиите се праќаат на сервер, но важно е да се напомене дека иако креаторот на апликацијата е Русин, сите сервери се наоѓаат во САД. Компанијата нагласува дека „податоците на корисниците не се префрлаат во Русија“.

FaceApp не е ни нова апликација – ја има на пазарот од 2017 година – а тоа што со неа споделувате нешто приватно како фотографија на своето лице, не ја прави нешто поопасна од ред други апликации.

Пет работи што треба да ги знаете пред да ја користите апликацијата FaceApp


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.