x

Facebook брише лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Категорија: Занимливости Објавено на 30 Март, 2019 од GSM.mk

Компанијата Facebook соопшти денеска дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија.

Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување“.

Компанијата објави дека „вкупно 2.632 страници, групи и профили се избришани од Facebook и Instagram поради операции поврзани со споменатите земји.

Ова се први вакви интервенции на Facebook во овие држави.

Претходно, Facebook во текот на овој месец отстрани стотици лажни профили во Велика Британија и во Романија поради промовирање содржини кои поттикнуваат поделби.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.