x

Facebook ги спојува Messenger, Instagram и WhatsApp

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 28 Јануари, 2019 од GSM.mk

На изненадувањата им нема крај. Денеска Facebook објави дека работи на систем на разменување пораки кој ќе им овозможи на корисниците на Messenger, Instagram и WhatsApp да комуницираат меѓу себе.

Секој од постоечките сервиси ќе продолжи да функционира како независна апликација, но Facebook ја менува поврзувачката инфраструктура така што оние луѓе кои користат само една од овие апликации ќе можат да комуницираат со корисниците на другите апликации користејќи го екосистемот на компанијата.

Според извештајот кој пристигна денеска, сите апликации ќе имаат меѓусебна енкрипција. Засега не е потврдено кога ќе стапи на сила ова поврзување на апликациите и за понатамошни информации ќе треба да бидеме трпеливи.

Со тоа што ќе им овозможи на корисниците да комуницираат меѓусебно преку различни апликации, Facebook се надева дека ќе ги задржи постоечките корисници и можеби ќе привлече нови, поради олеснувањето на меѓусебната комуникација. Но, она што е многу веројатно е дека Facebook ќе го зголеми бројот на реклами низ различните апликации, сега кога ги спојува трите во една иста функција.

Facebook има најмногу корисници од сите платформи за социјални медиуми и со овој потег би можел целосно да ја отстрани конкуренцијата, кога е во прашање комуникацијата помеѓу корисниците.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.