x

Facebook го купи Giphy за 400 милиони долари

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Мај, 2020 од GSM.mk

Компанијата Facebook ј купи GIF платформата Giphy по цена од 400 милиони долари. Преговорите за купопродажба почнаа пред пандемијата, а завршија успешно.

Вработените во Giphy ќе станат дел од тимот на Instagram, а целта е да се овозможи полесно користење на GIF-ови и стикери за Instagram стори и директните пораки.

Facebook веќе подолго време го интегрираше Giphy во својата платформа и го користи за GIF-ови наменети за Facebook, Facebook Messenger, Instagram и WhatsApp.

Минатиот месец Giphy објави партнерство со плaтформата TikTok, а соработува со Twitter и Slack, пишува Mashable.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.