x

Facebook ќе им плаќа на корисниците да изговараат одредени фрази!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Февруари, 2020 од GSM.mk

Сите сме слушнале или сме искусиле таргетирани реклами кон нас според нешто за што сме збореле приватно. Неизненадувачки, Facebook често е спомнуван во вакви приказни.

Додека слушањето на разговори е одличен начин да научите нешто повеќе за личност, не е толку корисно доколку има потреба да слушнете нешто поспецифично. Доколку сакате луѓето да го изговараат тоа, потребно е да им дадете некаква причина.

Сега Facebook го прави токму тоа. Компанијата додаде новата функција на својата Viewpoints апликација. На кратко, Viewpoints им овозможува на корисниците да извршуваат одредени задачи и да собираат поени кои може да бидат заменети за пари. Компанијата воведе нова програма наречена “Pronunciations” и, како што кажува името, целта е да собира и идентификува различни изговарања. Но, не се потребни изговарања на било кој збор. Facebook е спицифично заинтересиран да акумулира датабаза од луѓе кои изговараат  “Hey Portal" и името на некој од нивните пријатели. Инаку, Portal е името на Smart дисплејот на Facebook. 

Корисниците ќе може да ја снимаат фразата користејќи 10 различни имиња со неа. За оваа тешка задача, ќе бидат наградени со 200 поени на апликацијата, а најмногу ќе може да бидат собрани до 1000 поени и да бидат заменети за 5 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.