x

Facebook ќе исплати 52 милиони долари на модераторите за отстранување вознемирувачките содржини

Категорија: Занимливости Објавено на 23 Мај, 2020 од GSM.mk

Како награда за сите трауми кои ги преживуваат додека отстрануваат вознемирувачки и забранети содржини, Facebook најави дека на своите модератори ќе им исплати 52 милиони долари.

На овој начин ќе им помогнат на поранешните и на тековните модератори да ги надминат проблемите со менталното здравје, пишува The Verge.

Секој модератор ќе добие најмалку 1.000 долари, а се очекува и дополнителен надомест доколку им дијагностицираат пост-трауматичен стрес или некоја друга болест.

Судската одлука ќе опфати околу 11.250 модератори, а адвокатите сметаат дека дури половина од нив ќе имаат право на дополнителен приход.

„Драго ни е што Facebook соработува со нас и се согласува да им помогне на луѓето коишто имаат ужасно тешка работа. Штетата којашто може да се доживее на оваа работа е голема“, вели адвокатот Стив Вилијамс.

Модераторите на Facebook секој ден гледаат вознемирувачка содржина, па во иднина ќе имаат состаноци со психолози еднаш во неделата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.