x

Facebook Lite наскоро пристигнува на iOS уредите!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 08 Октомври, 2018 од GSM.mk

Facebook Lite се појави кај Android уредите пред три години. Денес, апликацијата е достапна во голем дел од државите, вклучувајќи ја и Америка од март..

Иако веќе е достапна стабилна верзија од Facebook Lite за Android, компанијата има обезбедно пристап и до бета верзија за сите оние кои сакаат да ги испробаат новите функции пред да бидат достапни за целата јавност.

Сега, и доколку имате iOS уред може да се придружите на бета програмата, се разбира, доколку живеете во областите каде постои Facebook Lite за iOS. Колку што знаеме, верзијата за iOS сеуште не е достапна во Америка. 

Инаку, Facebook Lite има за цел да го намали бројот на ресурси кои ги користи обичната верзија за да работи. Најпрво, апликацијата одзема значително помалку меморија, бидејќи тежи само 5MB. Истотака, дел од функциите кои ги има на обичната верзија не се достапни и кај Lite варијанта, со цел да се намали износот на информации и моќ кој го користи. 

Сеуште е рано да знаеме кога точно Facebook Lite за iOS уредите ќе биде достапна, но бидејќи бета верзијата веќе се тестира, се надеваме дека нема да биде потребно долго време пред да ја видиме во App Store. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.