x

Facebook: Отсега ќе може да бришете испратени пораки на Messenger!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 09 Ноември, 2018 од GSM.mk

Facebook конечно ја претстави долгоочекуваната функција, која ќе биде корисна за голем дел од корисниците..

Функцијата ќе биде официјално достапна заедно со новиот update за Facebook Messenger. Имено, станува збор за можност да избришете порака која веќе сте ја пратиле. Единствениот проблем е што имате само 10 минути откако ќе ја испратите да се премислите. 


Според Facebook, "Доколку испратите грешна фотографија, видео или порака, лесно може да ја исправите грешката во период од десет минути". Како што рековме, опцијата ќе биде достапна со Version 191.0 од iOS апликацијата.

Апликациите WhatsApp и Instagram, кои се во сопственост на Facebook, веќе некое време ја имаат можноста за бришење на непосакуваните пораки. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.