x

Facebook патентираше нов и морничав метод за собирање кориснички податоци

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Јули, 2018 од GSM.mk

Со помош на новата технологија, Facebook ќе може да ги активира микрофоните на вашите смартфони и да собира дополнителни информации потребни за нивниот златен рудник - таргетираниот маркетинг.

Името на новиот патент на Facebook е Broadcast content view analysis based on anbient audio recording (анализа на прегледот на емитираната содржина базирана на снимка од амбиентален звук). Тој опишува систем со чија помош ќе се анализира посебна звучна порака кое човечкото уво не може да ја препознае и се вметнува во ТВ рекламите.

Како функционира?

Oткако хипотетички корисникот ќе изгледа ТВ реклама, звучниот отпечаток може да го натера смартфонот или друг паметен уред да го вклучи микрофонот и да почне да му преенсува податоци на Facebook. Со други зборови, оваа технологија му овозможува на Facebook да препознае кога менуваме програма после реклами или се оддалечуваме од уредот, па тоа му го праќа на Facebook на понатамошна анализа.

Кога доаѓа?

Патентите како овој се логичен развој на технологијата во служба на бизнисот и зголемување на профитот. За среќа на сите кои се грижат за својата приватност, патентот е објавен на 16-ти јуни, но Facebook не прецизира од кога ќе го имплементира во постоечката платформа, а ова не веруваме дека ќе се случи толку брзо по скандалот со злоупотребата на личните податоци од Cambridge Analytica.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.