x

Facebook подготвува нов редизајн на Messenger

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 03 Мај, 2018 од GSM.mk

Социјалната мрежа Facebook набрзо комплетно ќе го редизајнира Messenger за да им обезбеди на корисниците поедноставно користење на апликацијата, која години наназад е преполна со непотребни опции и игри.

„Кога испраќате пораки, сакате тоа да биде брзо и едноставно искуство. За да се фокусираме на овие идеи, сакаме да направиме редизајн на апликацијата Messenger“, рече директорот и основач на Facebook, Марк Закерберг.

Со оглед на тоа што Facebook работи на оваа измена уште од почетокот на годината, новиот изглед на апликацијата Messenger би требало да им стане достапен на корисниците набрзо.

Според новите информации, новиот Messenger ќе има црна наместо бела позадина. Исто така, менито со главните табови кои се фокусирани на комуникацискиот дел од апликацијата ќе бидат преместени долу наместо горе, каде што досега се наоѓаа.

Потпретседателот на одделот за работа на Messenger, Дејвид Маркус, рече дека освежената апликација доаѓа „многу, многу брзо“ и е сигурен дека корисниците ќе бидат задоволни со новите измени.

Како што велат од Facebook, многу работи и опции на Messenger ќе останат неизменети, но користењето на апликацијата ќе биде значајно поедноставено со новиот редизајн.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.