x

Facebook со години собирал телефонски броеви, контакти и други податоци од андроидите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Март, 2018 од GSM.mk

„Арс Техника“ информира дека корисниците проверувале кои податоци се преземаат за нив од страна на Facebook и утврдиле дека имињата на контакти, телефонски броеви и СМС пораки биле собирани во текот на две или повеќе години од уредите со Android

Facebook изјави дека информациите се чуваат на безбедни сервери и оти податоците се земани со знаење на корисниците, кои се согласиле да се пристапи до нивните податоци.

Портпаролката на Facebook изјави дека информациите не се споделуваат со пријатели или со надворешни апликации и се користат со цел да се подобри комуникацијата на луѓето на Facebook.

Социјалната мрежа соопшти дека никогаш не ги продава информациите и не ја чува содржината на СМС пораките или разговорите.

Но, портпаролката не одговори на прашањето зошто е потребно да се собираат податоци за телефонски контакти и СМС пораки.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.