x

Facebook воведува промени што нема да им се допаднат на корисниците

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 16 Јануари, 2017 од GSM.mk

acebook планира да воведе новини кој на многу корисници нема да им се допаднат. Станува збор за нов извор на заработка, односно реклами во видео содржините.

Корисниците на Facebook секој ден гледаат по 100 милиони часови видео содржини, а во иднина, на оваа социјална мрежа ќе се гледаат и реклами во видеата.

Компанијата планира да го воведе новиот mid-roll формат, кој на огласувачите ќе им овозможи уфрлање на реклами во видео снимките што корисниците ги гледаат барем 20 секунди.

Според директорот Марк Закерберг, нема да се воведат реклами кои почнуваат пред стартот на видеото.

Тестирањето на новата опција треба да стартува наскоро.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.