x

Facebook воведува самоуништувачки пораки!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Ноември, 2015 од GSM.mk

По долги шпекулации, Facebook конечно започна со тестирањето на пораки што самите се уништуваат. Засега, тестот се спроведува само во Франција...

Кога ќе помислите на самоуништувачки пораки, веројатно првата асоцијација ви е популарната апликација Snapchat. Иако веќе постојат голем број на нови функции кај оваа апликација, сепак пораките ќе останат главниот елемент на привлечност.

Други сервиси за комуникација, какоа Line или WeChat (кои се екстремно популарни во Азија) веќе лансираа ваков вид на пораки кои исчезнуваат по некое време, но веројатно најголемиот предизвик за Snapchat ќе дојде од Facebook, кој проба да ја купи компанијата за 3 милијарди долари во 2013-та година.

Во моментот, Facebook Messenger има над 700 милиони регистрирани корисници во светот. Корисниците во Франција имаат дополнителна икона на песочен часовник, која кога ќе ја кликнат им дава опција пораката да се избрише по еден час. Во спротивно, кога не е активирана, пораките остануваат запаметени засекогаш.

Што мислите, дали ова ќе стане популарна функција?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.