x

Facebook за три месеци отстранил речиси два милиони екстремистички содржини

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Април, 2018 од GSM.mk

Компанијата Facebook соопшти дека отстранила или поставила знак за предупредување на 1,9 милиони примероци со екстремистичка содржина, кои се поврзуваат со Исламска држава или Ал Каеда.

Тоа е направено во првите три месеци од годинава, што е речиси двојно повеќе од претходниот квартал.

Само мал дел од овие содржини беа откриени со помош на фидбек од корисниците на мрежата, додека 99% од терористичките содржини беа откриени од експертите кои работат во Facebook.

Како што руското влијание беше ставено во фокус, така извршните лица во Facebook изразија загриженост дека оваа социјална мрежа поради нејзиното огромно покривање е склона на злоупотреба.

Европската унија врши притисок врз Facebook и неговата конкуренција во областа на технолошката индустрија што побрзо да ги отстранат екстремистичките содржини или ќе се соочат со закони кои би ги проморале да го направат тоа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.