x

Фејсбук воведе гифови во коментарите!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јуни, 2017 од GSM.mk

GIF сликите и анимациите постојат долго време, но само пред неколку години станаа популарен начин преку кој може да ги изразите вашите чувства и мисли. Сега, го освоија и Facebook светот.

Дали знаете дека на Messenger се праќаат по 25 000 гифови во една минута? За прославување на 30 годишинината од постоењето на гиф форматите, како и нивната популарност меѓу корисниците, компанијата конечно ќе дозволи коментирање со гифови, почнувајќи од 15 јуни.

За нив, постои посебно копче кое го кликате и може да одберете од низата гифови кои постојат. За да ви ја направат работата уште полесна, компанијата воведе и search опција, каде веднаш може да најдете гиф според емоциите кои ги чувствувате или мислите кои ги имате. 

Facebook is finally letting us add GIFs in comments

За да го прослави роденденот на гифовите како што треба, фејсбук ќе воведе и специјални слики со интернет ѕвезди како DNCE, Logan Paul, Amanda Cerny, DREEZY, Patrick Starr, Violet Benson, Wuz Good, Brandi Marie и Landon Moss. Може да ги најдете доколку пишете #GIFparty кај search делчето. 

Facebook is finally letting us add GIFs in comments


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.