x

FIFA 18: Светското првенство во Русија доаѓа бесплатно

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Мај, 2018 од GSM.mk

Сите кои ја имаат FIFA 18, бесплатно ќе ја добијат екстензијата Russia 2018.

Играчите на FIFA 18 ќе ја добијат бесплатно World Cup Russia играта која ќе биде достапна од 29-ти мај. Во рамки на 2018 FIFA World Cup Russia ќе бидат вклучени сите 32 тима кои се квалификуваа за Мундијалот во Русија, а вклучени се имињата на играчите, националните обележја и дресовите.

2018 FIFA World Cup Russia ќе донесе и:

- 12 нови стадиони
- нови топки со обележја на Светското првенство
- нови трофеи
- посебни видео секвенци
- коментари на тема Светското првенство

2018 FIFA World Cup Russia доаѓа на 29-ти мај за PlayStation 4, Xbox One, PC и Nintendo Switch, а посебна мобилна верзија на играта FIFA Mobile ќе биде достапна од 6-ти јуни.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.