x

Финализиран дизајнот на Galaxy S10: Infinity Display, 3D камера и многу повеќе!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Април, 2018 од GSM.mk

Една од најголемите вести кои се појавија деновиве од јужнокорејската компанија е финализираниот изглед на Galaxy S10..

Според информациите, Galaxy S10 и S10 Plus ќе доаѓаат со 5.8 и 6.3 инчен дисплеј, или малку поголеми од 5.77 и 6.2 инчните панели на S9 и S9+. Нормално, ќе вклучуваат Infinity Display дизајн. 

Кај телото, ќе има една мала промена со отстранувањето на скенерот за отпечатоци, кој ќе биде вметнат под екранот. Друга возбудлива карактеристика која ќе ја додаде Samsung кај S10 уредите се 3D камерите, изработени во соработка со Israelis од Mantis Vision. Доколку се прашувате какви промени ќе донесе Mantis Vision, кои ги нема кај TrueDepth камерите на Apple, се што треба е да го погледнете следното видео:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.