x

Find My Phone: Една од првите апликации за Android Wear

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 25 Јули, 2014 од GSM.mk

Со излегувањето на новиот Android Wear оперативен систем на Google, кој е наменет за уреди како паметни часовници, се појавија и првите апликации кои се ексклузивно развиени за него. Една од нив е Find My Phone...

Како што посочува и самото име, оваа апликација ќе ви помогне да си го најдете вашиот мобилен телефон. Бидејќи паметниот часовник и вашиот телефон секогаш се поврзани и синхронизирани, апликацијата го искористува ова за да ви заѕвони и полесно да го најдете вашиот уред.

Интерфејсот е прилично едноставен, бидејќи се што апликацијата прави е тоа што ѕвони на вашиот телефон. На вашиот телефон или таблет ќе добиете мени што ви овозможува да конфигурирате каков вид на нотификации сакате да примате и праќате помеѓу двата уреди, сетирање на рингтон, па дури и опција да го вклучите блицот кога сте во мрачна просторија.

Апликацијата е бесплатна, но Pro верзијата чини 0,99 долари. Благодарение на одличната Google Now интеграција, можете да ја пуштите апликацијата само кажувајќи "Okay Google, start Find My Phone“.

Линк за симнување.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.