x

Firefox 19 пристигнува со вграден читач на PDF датотеки

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Февруари, 2013 од GSM.mk

Откако Mozilla одлучија секој месец да пуштаат нови верзии на Firefox, ни беше малку тешко да го следиме развојот на прелистувачот. Но овој пат навремено ги добивме новите информации околу новата надградба

Новата верзија 19 на Firefox, на корисниците ќе им донесе вграден читач за pdf датотеки. Покрај него, од фондацијата работеле и на некои подобрувања во работата на прелистувачот, кои не се видливи со голо око. Всушност за корисниците на Android мора да го кажеме спротивното, бидејќи верзијата на Firefox за Android сега ќе поддржува работа со теми.

За повеќе информации околу новата верзија на Mozilla можете да се информирате тука.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.