x

Firefox се ажурира и кога не го користите

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Јуни, 2021 од GSM.mk

Firefox сега се ажурира дури и кога не е активен.

Firefox за Windows често се ажурира, а понекогаш доаѓа и до проблеми за корисниците.

Често се случува кога ќе се најавите на Firefox да добиете информација дека прелистувачот е „out of date“, затоа мора да го ажурирате и да изгубите време на тоа.

Сега пристигна Background update и Firefox автоматски ќе се ажурира дури и кога не е активен, што ќе им ја олесни работата на корисниците.

Автоматските ажурирања пристигнаа со верзијата Firefox 90. Beta и повеќе нема чекање.

Прелистувачот автоматски ќе проверува дали има нова верзија на секои седум часа и автоматски го ажурира Firefox.

Кога прелистувачот е активен, тој повеќе нема да презема ажурирања.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.