x

Фото: 2019 iPhone моделите ќе доаѓаат со интересен додаток!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Август, 2019 од GSM.mk

Според новите фотографиите, iPhone серијата оваа година ќе доаѓа со интересен додаток кој го немаме видено досега..

На фотографиите на задната страна се забележува место за пенкало. Но, просторот оставен за него не е доволно голем за пенкалото кое се наоѓа кај iPad Pro. Најверојатно ќе станува збор за малку помало пенкало. Во однос на боите, ќе бидат достапни црн, кафеав и сив модел.

Претставувањето на трите уреди го очекуваме на 10 септември според фотографијата коај се појави од iOS 13 оперативниот систем. Во внатрешноста ќе се наоѓа најновиот A13 Bionic. 

Case render for the Apple iPhone 11 Pro; note the sleeve for the Apple Pencil - Case render suggests that Apple will offer a new accessory for the 2019 iPhones


Бидејќи една од новите функции ќе биде "reverse charging" батеријата мора да биде малку поголема со цел смартфонот да може да "позајми" дел од својот капацитет на друг Apple уред. Очекуваме најмалку 4 000 mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.