x

Фото: 5G уредот на Samsung има уникатен дизајн и уште поуникатен дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Декември, 2018 од GSM.mk

Заедно со Qualcomm и претставувањето на 5G технологијата, Samsung ја искористи шансата да го најави својот нов уред кој ќе доаѓа со оваа технологија..

За време на својот настан, Qualcomm го потврди постоењето на Snapdragon 855, но најмногу се фокусираше на 5G технологијата. Како и секоја година, компанијата беше придружена од други популарни имиња во светот на технологијата, меѓу кои беше и Samsung. Нормално, Samsung ја искористи шансата да го промовира својот прв 5G уред. 

На прв поглед, станува збор за смартфон кој изгледа исто како и сите други популарни уреди достапни на пазарот во моментот. Но, ако го погледнете од поблиску ќе забележите неколку интересни детали во однос на неговиот дизајн. На пример, на предната страна доаѓа со "notch", кој е позициониран во десниот агол, наместо во средината. Причината за ваквата промена сега за сега не е позната. 

Од тоа што може да се забележи од фотографиите, ваквото позиционирање нема никаква корист во однос на хардверот, но може да биде корисно од софтверски аспект. 

Што мислите, дали станува збор за некој од очекуваните Galaxy S10 уреди? 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.