x

Фото: Камерата на OnePlus 6 ќе биде една од најдобрите во светот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Мај, 2018 од GSM.mk

Новите промотивни фотографии на OnePlus откриваат дека OnePlus 6 ќе доаѓа со една од најдобрите камери во светот..

OnePlus треба да го претстави OnePlus 6 за само пет дена, а уредот очекуваме да доаѓа со моќни спецификации и дуален систем камери. Сега, благодарение на новиот промо пост, изгледа дека компанијата е навистина самоуверена во фотографските способности на новиот уред. 

Станува збор за пост кој ги предизвикува Twitter корисниците да ги поврзат фотографиите со правилниот уред со кој се направени, а опциите се Google Pixel 2, Galaxy S9, iPhone X и, нормално, OnePlus 6. Во последните неколку години, камерите на OnePlus не биле познати како едни од подобрите на пазарот, но изгледа оваа година компанијата планира да го промени тоа. Според најновите гласини, повисоката цена со која ќе доаѓа новиот смартфон е токму поради значително подобрените камери. 

OnePlus 6 camera teaser

OnePlus 6 би требало да доаѓа со главна камера од 20 мегапиксели и секундарна од 16 мегапиксели, но сеуште не се знае со какви леќи и сензори доаѓаат. Покрај нив, во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 845 процесор, со 6GB или 8GB RAM. 

Неговата продажба ќе започне при крајот на мај, по цена од околу 555 долари.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.