x

Фото-натпревар: iPhone 6 vs. Motorola DROID Turbo

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 31 Октомври, 2014 од GSM.mk

Google и Motorola неодамна го претставија новиот Droid Turbo, телефон кој е на самиот врв од аспект на моќта, изгледот и перформансите. Да погледнете како ќе се покаже против популарниот iPhone 6...

Несомнено, iPhone моделите се едни од најубавите телефони на пазарот, со своето тенко алуминиумско куќиште во повеќе различни бои и преубавиот IPS екран. Но, новиот DROID Turbo исто така импресионира со изгледот - 5,2 инчен QuadHD екран (наспроти HD - 1334 x 750 пиксели кај iPhone 6), сместен во куќиште изработено од комбинација на стакло и метал кое навистина изгледа преубаво.

Од аспект на хардверските компоненти, новиот DROID Turbo е далеку пред iPhone 6 - Snapdragon 805 quad-core процесор кој работи на 2,7GHz (наспроти dual-core A8 кој работи на 1,4GHz кај iPhone) и 3GB RAM наспроти 1GB. 

Задната камера е со резолуција од 21 мегапиксел, додека пак онаа на iPhone 6 е со „само“ 8 мегапиксели...сепак, во пракса работите можеби и не изгледаат така драстично различно!

Погледнете ја галеријата и кажете ни во коментарите кој е поубавиот телефон!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.