x

Фото-натпревар: Nexus 6 vs. Galaxy Note 4!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Ноември, 2014 од GSM.mk

Големите телефони се иднината, а овие два уреди се најдоброто нешто што можете да го најдете на пазарот. Но, има место само за еден најдобар...

Од аспект на дизајн, Nexus 6 има поцврста конструкција, иако и Galaxy Note 4 е одличен со својата метална рамка околу куќиштето. Визуелно, тешко да можете да пресудите кој телефон има поубав изглед и сето се сведува на различни вкусови.

Galaxy Note 4 поседува 5,7 инчен екран на допир со QuadHD резолуција, додека пак Nexus 6 поседува поголем, 5,9 инчен екран, исто така со QuadHD резолуција. Во внатрешноста ќе најдете слични компонентни - quad-core Snapdragon 805 процесор и 3GB RAM, а поголема разлика има во меморијата. 

Nexus 6 ви дава 64GB внатрешна меморија без простор за дополнителна MicroSD картичка, додека пак Galaxy Note 4 ви дава 32GB внатрешна меморија која можете да ја проширите со помош на MicroSD картичка.

Без да навлегуваме во спецификациите понатаму, погледнете ја галеријата и пишете ни во коментарите кој е поубавиот телефон!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.