x

Фото: Ова е финалниот дизајн на Samsung Galaxy Note 9!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Јуни, 2018 од GSM.mk

Веќе некое време се појавуваат фотографии од дизајнот на Galaxy Note 9, заедно со информации за неговите спецификации и се останато. Сега, благодарение на доверливиот твитер корисник @OnLeaks, ги имаме официјалните слики од неговиот изглед..

Како што очекувавме, Galaxy Note 9 нема да изгледа многу различно од минатогодишниот Galaxy Note 8. Предниот дел на новиот Note е речиси ист во споредба со Note 8, освен што рамките на горната и долната страна се смалени. 


Од друга страна, Samsung има направено неколку промени на задниот дел. Дуалниот систем камери на уредот е хоризонтално поставен, со скенер за отпечатоци сместен под него. Неговите димензии ќе бидат 161.9 x 76.3 x 8.8 mm. Тоа значи дека ќе биде исто голем колку Note 8, со сличен, 6.3 инчен, Super AMOLED дисплеј. 


Позначајни промени ќе бидат направени во внатрешноста, вклучувајќи Snapdragon 845 процесор, со поголема батерија, од 3,850 mAh. Секако, подобрувања не очекуваат и кај камерите. 

Samsung планира да го претстави Galaxy Note 9 порано од обично - на 9 август. До тогаш, споделете го вашето мислење: Како ви изгледаат малите промени во дизајнот на Note 9, спрема Note 8?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.