x

Фото: Оваа година добиваме iPhone модели со највеќе бои, ова се сите опции!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2018 од GSM.mk

Како што ни е веќе познато, оваа година добиваме три нови iPhone модели. Според најновите информации, еден од нив ќе доаѓа во низа нови и впечатливи бои:

Според доверливиот аналитичар Ming-Chi Kuo, новите iPhone модели ќе доаѓаат во досега невидени бои, доколку не ги броиме оние на пластичниот iPhone 5C, вклучувајќи портокалова, жолта и сина.

We are getting more iPhone colors this year than ever, here they are

Сеуште не е познато кој модел во која боја ќе доаѓа, но според Kuo, очекуваниот 6.5 инчен OLED iPhone ќе биде достапен во црна, бела и нова, златна боја, додека 6.1 инчниот LED ќе доаѓа во сива, бела, сина, црвена и портокалова боја.

Потврдувајќи ги информациите, според @OnLeaks, Apple експериментира со "бела, црна (Space Gray), посветла сива, црвена, жолта, сина, розева и портокалова, иако дел од овие бои може да бидат отфрлени откако ќе заврши фазата на прототипови". 


Како ви звучи новото виножито iPhone модели кои треба да ги видиме оваа година?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.