x

Фото: Првиот уред на Motorola со камера на лизгање!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Септември, 2019 од GSM.mk

Motorola најави четири Moto G уреди, три од One серијата, два Moto E и еден Moto Z уред, но компанијата нема да застане тука...

Деновиве се појавија информации за нов мистериозен уред со камера на лизгање. Системот седи на деснио дел, исто како кај OnePlus 7 Pro. Во моментов, за жал, не знаеме за каков сензор станува збор. 


Како и повеќето смартфони на Motorola, изгледа дека овој модел ќе има голем дисплеј со тенки рамки. На фотографиите не е присутен ниту задниот дел од уредот. Обично, Motorola користи кружен систем кај Moto G и Moto Z, а вертикален каj Moto E6 и повеќето модели од Motorola One. Кај One Zoom има целосно нов систем.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.