x

Фото: Samsung Galaxy Note 10 со вертикален систем камери и нов дизајн!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Мај, 2019 од GSM.mk

Samsung Galaxy Note 10 ќе пристигне ова лето, а информациите за неговите спецификации и дизајн се се почести и почести...

Најпрво, во однос на дизајнот, Note 10 нема да доаѓа со големи разлики во однос на S10 серијата и неговите претходници. Од друга страна, очекуваме да доаѓа во нови неколку нови нијанси. Истотака, интересно е што за прв пат во историјата, наместо еден, Samsung ќе претстави два Note 10 модели.

Samsung Galaxy Note 10 with a vertical camera setup pictured in new design renders

Според новите фотографии, на предната страна не очекува голем флексибилен дисплеј, минимални рамки и дупка во средината каде ќе се наоѓа селфи камерата.

Преминувајќи на задната страна, овој пат ќе има систем од четири камери кои ќе бидат вертикално поставени во горниот десен агол. Во внатрешноста, батеријата ќе биде од 4,300 mAh.

Samsung Galaxy Note 10 with a vertical camera setup pictured in new design renders

И Galaxy Note 8 и Galaxy Note 9 на почетокот беа претставени во четири бои. Оваа година, Galaxy Note 10 ќе доаѓа со една нијанса повеќе. Позајмувајќи од Galaxy S10, Note 10 ќе биде достапен во црна, бела и розева боја. Од друга страна, исто како Galaxy Note 9, ќе биде достапен и во сребрена нијанса. Завршувајќи ја линијата, ќе биде достапна уште една верзија во црвена боја. Според новите информации, можно е на нив да им се придружи и син Note 10.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.