x

Фото: Samsung Galaxy Tab S4

Категорија: Рецензии // Таблети Објавено на 13 Јули, 2018 од GSM.mk

Galaxy Tab S3, еден од најдобрите Android таблети за 2017 година, конечно ќе го добие својот следбеник - неизненадувачки, наречен Galaxy Tab S4..

Откако се појавија фотографии од црната верзија на таблетот, сега може да погледнеме како изгледа и во бела боја. Благодарение на @evleaks, белата варијанта е придружена од S Pen пенкало, кое изгледа малку поразлично од она на Tab S3. Најверојатно, станува збор за подобрување на неговите функции и перформанси.


Од други спецификации, Galaxy Tab S4 нуди 10.5 инчен дисплеј со резолуција од 1600 x 2560 пиксели, Snapdragon 835, 4GB RAM и батерија од 7300mAh.

Претставувањето на таблетот го очекуваме за време на IFA 2018 настанот (31 август - 3 септември), заедно со нов Samsung Gear S4 паметен часовник.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.