x

Фото: Вака ќе изгледа модерниот Motorola RAZR!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Јануари, 2019 од GSM.mk

Пред неколку дена официјално дознавме дека легендарниот Motorola RAZR се враќа на пазарот. Сега, се запознавме и со дел од неговите карактеристики...

Модерен дизајн на Motorola RAZR V3

Се на се, новиот модел ќе наликува на неговиот легендарен претходник во сите аспекти. Се разбира, ќе доаѓа и со неколку значителни промени, со цел да се вклопи со современите смартфони. Најпрво, малиот екрани и физичката тастатура се заменети со голем панел, како и помали рамки околу него. Едно нешто кое ќе биде непроменето е неговиот дизајн на преклопување. За разлика од модерните панели, кои се правоаголни, овој ќе има поуникатен изглед, како и мал notch на горната страна, наменет за селфи камерата. На долната рамка ќе се наоѓа звучникот. 

Покрај неговите селфи способности, вториот дисплеј може да се користи за низа други активности, како нотификации, пораки, временска прогноза и други корисни информации.


Преминувајќи во внатрешноста, очекуваме Snapdragon 855 процесор, заедно со 8GB RAM и 128GB меморија. Најверојатно ќе постои и верзија со 12GB RAM, како и 1TB меморија. 

Motorola RAZR ќе биде еден од првите смартфони на преклопување на пазарот. Во однос на дисплејот станува збор за 4.8 инчен панел, кој при преклопување достигнува големина од 7.3 инчи.

Датумот на претставување на Motorola RAZR сеуште не е познат. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.