x

Фото: Вака ќе изгледаат Samsung Galaxy S10E, S10 и S10 Plus еден до друг!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Јануари, 2019 од GSM.mk

Samsung со сите сили се подготвува за “Unpacked” настанот, кој оваа година е закажан за 20 февруари. Овој пат, меѓу другото компанијата ќе ги претстави новите модели во S серијата, кои се со посебно значење..

Имено, станува збор за уреди кои ќе ја одбележат десетгодишнината од постоењето на S серијата смартфони на Samsung. Поради нејзиниот голем успех, корисниците се надеваат дека новите телефони ќе нудат голем број уникатни и возбудливи карактеристики. Веќе сме запознаени дека ќе бидат претставени три S модели - обичниот S10, S10 Plus и буџетскиот S10 E. Благодарение на Evan Blass, сега се појави и фотографија од уредите еден до друг, почнувајќи од S10E најлево, S10 во средина и S10 Plus на десната страна. Сите три се во силиконски маски.

Очигледно е дека Galaxy S10E ќе биде најевтиниот од нив, бидејќи доаѓа со дуален систем камери, помал дисплеј и дупка наменета за селфи камерата. Останатите два имаат три камери и додека обичниот S10 ја има истата дупка во панелот, S10 Plus доаѓа со две предни камери, истотака вметнати под дисплејот.

За разлика од Galaxy A9 (2018) кој има четири камери вертикално поставени, сите S10 модели ќе имаат вертикално поставени сензори. Иако од фотографиите можеме да кажеме дека Galaxy S10E ќе биде најмалиот, додека S10 Plus најголемиот, точните димензии на смартфони сеуште не се познати.

Покрај нив, Samsung планира да претстави и 5G S10 верзија, но сеуште не е јасно дали ќе биде претставена заедно со останатите три, или подоцна. Истотака, не смееме да го заборавиме смартфонот на преклопување кој ќе биде најавен на “Unpacked” настанот, познат како Galaxy F.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.