x

Фотографии и спецификации: Xiaomi Mi 8 Lite во нова боја и со 8GB RAM

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Октомври, 2018 од GSM.mk

Поевтината верзија на Xiaomi Mi 8 серијата, Xiaomi Mi 8 Lite, наскоро ќе биде достапна во нова боја и со подобрени спецификации..

Mi 8 Lite беше најавен пред месец дена со 6.3 инчен LCD екран и со Snapdragon 660 под хаубата. Досега, беа достапни две верзии - една со 4GB RAM и 64GB меморија, и друга со 6GB RAM и 128GB меморија. 

Според TENAA, наскоро ќе биде достапна нова варијанта од уредот, со промени во дизајнот и спецификациите. Имено, новиот модел ќе биде црн од предната и од задната страна, додека рамката меѓу нив ќе биде портокалова. Истотака, рамката околу скенерот за отпечатоци и камерата изгледа како да е розева. 

Во однос на внатрешните спецификации, една од најважните промени е што ќе доаѓа со 8GB RAM и батерија од  3250mAh. На задната страна ќе се наоѓаат две камери од 12 и 8 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 24 мегапиксели. 

Откако беше потврдено нејзиниото постоење, новата верзија на Xiaomi Mi 8 Lite ја очекуваме наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.