x

Фотографии и видео од LG V40: Најголемиот телефон на LG досега!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Август, 2018 од GSM.mk

Очекуван да биде претставен во првата половина од октомври, ненајавениот LG V40 изгледа дека ќе биде навистина голем уред. Благодарение на новите фотографии, имаме добра претстава за неговиот изглед..

Според @OnLeaks, V40 ќе доаѓа со 6.3 инчен дисплеј - 0.3 инчи поголем од оној на неговите претходници, V30 и V35. Неизненадувачки, поголемиот екран го прави V40 целосно поголем уред. Димензиите на V40 ќе бидат 158.8 x 75.8 x 7.8 mm, што значи дека ќе биде повисок и поширок од V30 и V35 (двата со димензии од 151.7 x 75.4 x 7.3 mm).


Доколку димензиите се точни, V40 ќе биде третиот најголем LG смартфон досега, веднаш по петгодишниот LG G Flex (160.5 x 81.6 x 7.9 mm) и тригодишниот V10 

(159.6 x 79.3 x 8.6 mm). 


Сега за сега, нема повеќе информации за неговите спецификации. Како ви се допаѓа V40 досега?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.