x

Фотографии: Како ќе изгледаат идните смартфони со скенер под дисплејот?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Октомври, 2018 од GSM.mk

Покрај повисокиот тело-дисплеј сооднос, смартфоните на Samsung кој ќе бидат претставени идната година ќе доаѓаат со неколку нови и интересни функции..

Една од тие функции, која се почесто ја гледаме кај модерните смартфони, е скенер за отпечатоци под дисплејот. Според најновите изјави, компанијата веќе ги тестира ваквите уреди. Производството на технологијата е веќе при крај, што значи дека Samsung веќе почна да ја имплементира во идните смартфони, за да види како функционира.

За време на Samsung OLED Forum конференцијата, јужнокорејската компанија откри дека четири нови функции ќе бидат дел од дизајнот на новите смартфони. Нормално, една од тие функции ќе биде скенер за отпелатоци под дисплејот. Најпрво, ваквиот скенер го очекуваме кај Galaxy S10 серијата, која ќе биде претставена во февруари.

Samsung provides a glimpse at future smartphone designs with new display tech


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.