x

Фотографии од Galaxy S10: Невидливи рамки и огромен дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јуни, 2018 од GSM.mk

2019-та година ја обележува десетгодишнината од постоењето на Galaxy S серијата, поради што, Samsung планира да претстави моќен уред уште во јануари, кој ќе надомести за продажбата на S9, која беше послаба од очекувано..

Благодарение на Ice Universe, се појави можен прототип нa Galaxy S10, иако никаде не е официјално спомнато дека станува збор токму за него. Наместо тоа, дизајнот на уредот го нарекува "beyond," што е код името кое Samsung го употребува при производството на своите нови смартфони. 

На фотографијата се наоѓа смартфон со Infinity Display и дизајн без никакви рамки. Голем дел од фановите ќе бидат среќни што на горната страна не вклучува мало делче за камерата, како iPhone X, а рамката на долната страна е значително смалена. 

Бидејќи нема никакви рамки, најверојатно селфи камерата ќе биде со иста технологија како Oppo Find X и ќе се појавува само при користење. Друга опција е сензорите да се скриени под дисплејот, исто како и скенерот за отпечатоци. Се зборува дека селфи камерата ќе вклучува 3D сензор, кој ќе може да се натпреварува со Face ID технологијата на Apple. Се зборува дека дисплејот ќе биде 6.2 инчен и, повторно, ќе вклучува Bixby копче. 

Со оглед на тоа што ја обележува десетгодишнината од постоењето на Galaxy S серијата, S10 очекуваме да биде ѕвер од телефон.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.