x

Фотографии од Google Pixel 3 Lite и Lite XL: Модерен дизајн, голем дисплеј и дебели рамки

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Декември, 2018 од GSM.mk

Apple го има iPhone XR, Sony го има Xperia XZ2 Compact, а Samsung наскоро ќе го претстави Galaxy S10 Lite. Според новите информации, овие уреди наскоро ќе придружени од силна конкуренција, бидејќи Google ќе ја најави Pixel 3 Lite серијата..

За разлика од обичните Pixel 3 и Pixel 3 XL кои имаат неколку разлики во нивниот дизајн, Pixel 3 Lite моделите ќе бидат речиси исти, со единствена разлика во големината. Од фотографиите се забележува дека уредите ќе наликуваат на Pixel 3 во изгледот, со единствена разлика што ќе имаат дебели рамки околу дисплејот, наместо познатиот "notch" дизајн. Овој пат, 5.5 инчниот и 6 инчниот панел ќе имаат повисок тело-дисплеј сооднос од 18.5:9.

Преминувајќи на задната страна, Pixel 3 Lite и Pixel 3 Lite XL ќе доаѓаат со модерниот дизајн во две нијанси, овој пат со поевтина пластична конструкција, наместо стакло. Скенерот за отпечатоци истотака се наоѓа на задната страна, заедно со главната камера.

Во однос на внатрешните спецификации, двата уреди ќе работат на Snapdragon 670, придружен од 4GB RAM и 32GB меморија. Помалиот модел ќе има батерија од 2,915mAh, додека капацитетот на поголемата верзија сеуште не е познат. 

Претставувањето на Pixel 3 Lite и Pixel 3 Lite XL го очекуваме на почетокот од 2019 година. Цената на помалиот модел ќе биде меѓу 400 и 500 долари, а поголемиот модел ќе чини околу 600 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.