Веќе видовме неколку слики од Pixel 4 и 4 XL, а се запознавме и со спецификациите на уредите. Овој пат, самата компанија реши да сподели неколку официјални фотографии од дизајнот на поголемиот од нив - Pixel 4 XL:

Најпрво, на фотографиите се забележува дека Pixel 4 XL ќе доаѓа со многу камери. Само на предната страна не очекуваат две камери, додека на задниот дел ќе има систем од три камери.
Додека спецификациите на предните сензори сеуште не се познати, знаеме дека системот на задната страна ќе биде составен од 12 мегапикселна главна камера, придружена од 16 мегапикселна камера. Третиот сензор ќе биде наменет за подобри фотографии при ниска светлина и истовремено ќе го овозможува bokeh ефектот. Google истотака ќе користи нова технологија, слична на онаа на Apple, која опфаќа 25% поширок спектар на бои од обичниот систем кај другите смартфони.
Уште една интересна промена е во внатрешноста на уредот. Досега, Pixel уредите имаа само 4GB RAM, а почнувајќи од Pixel 4 па нагоре, моделите ќе доаѓаат со најмалку 6GB RAM и 128GB меморија. Процесорот ќе биде Snapdragon 855+.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.