x

Фотографии од Nokia 9 PureView: 5 камери и премиум дизајн

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Ноември, 2018 од GSM.mk

Откако возбудата за нови смартфони за 2018 заврши, време е да се фокусираме на интересните уреди кои ги очекуваме во 2019 година. Заедно со вообичаените компании, како Apple, Samsung, Huawei, LG и слично, Nokia конечно планира да претстави премиум уред..

Станува збор за Nokia 9, истотака познат како Nokia 9 PureView, кој според фотографиите и спецификациите кои се појавија, дефинитивно ќе биде премиум смартфон. 

Nokia 9 ќе доаѓа со 5.9 инчен QHD дисплеј, со минимални рамки од страните и целосни димензии од 155 x 75 x 7.9 mm. Според овие информации, дефинитивно ќе биде поширок и повисок од 5.5 инчниот Nokia 8 Sirocco.

Во внатрешноста, наместо Snapdragon 835, би требало да биде Snapdragon 845, заедно со 4 или повеќе GB RAM. Меѓу другото, една од поинтересните карактеристики на Nokia 9 се петте камери кои ги нуди. 

Благодарение на 91mobiles, можеме да видиме како сето тоа ќе изгледа:

Од фотографиите, дефинитивно можеме да го забележиме неговиот премиум дизајн, високиот дисплеј и минималните рамки. Истотака, очигледно е дека сите пет камери се на задната страна, придружени од dual-tone LED блиц. За жал, сеуште не сме запознаени со нивните карактеристики. 

HMD Global нема споделено информации за достапноста, како и претставувањето на смартфонот. Сега за сега, само знаеме дека со него ќе се запознаеме најрано во 2019 година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.