x

Фотографии од Sony Xperia XA3: Висок дисплеј, минимални рамки

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Февруари, 2019 од GSM.mk

Откако ги претстави Xperia XA2 и XA2 Ultra на Consumer Electronics настанот минатата година, Sony наскоро ќе ги најави нивните следбеници, за време на MWC 2019 настанот

Интересно е што на новите фотографии од Xperia XA3 се забележува малку поразличен дизајн од оној кој досега го гледавме. Наместо симетрични и мали рамки од горната и долната страна, уредот на новите слики има минимална долна и значително подебела горна рамка. 

Во однос на останатите спецификации, очекуваме 5.9 инчен дисплеј, со висок и досега невиден, 21:9 сооднос. Ова е драстична промена од 16:9 сооднос со кој доаѓаа XA2 и XA2 Ultra, па дури и од популарните 18:9 екрани кај премиум смартфоните. Заедно со високиот дисплеј, уредите ќе нудат и висока резолуција од 2560 x 1080 пиксели.


Сега за сега, внатрешните спецификации не се потврдени, но очекуваме Snapdragon 660 процесор, 4GB RAM, 64GB меморија и батерија од 3,500 mAh. Како и кај повеќето модерни смартфони, на задната страна ќе има две камери, од 23 и 8 мегапиксели.


Уредите ќе бидат достапни во црна, сребрена, сина и розева боја.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.