x

Фотографии од Surface Phone: Смартфон и лаптоп во едно

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 03 Јули, 2018 од GSM.mk

Во последните неколку дена, беше потврдено дека уредот, наречен Andromeda, е навистина Surface телефон на преклопување

Во декември, David Breyer сподели неколку фотографии од можниот изглед на уредот, направени според информации од патенти на Microsoft. Деновиве, Breyer повторно сподели фотографии базирани на два можни модови со кои ќе доаѓа уредот - лаптоп и уред за гејмање. Според нив, ќе има два можни екрани и виртуелна QWERTY тастатура на долниот дел од екранот. Во т.н мод за гејмање, на долниот дел од дисплејот се појавуваат виртуелни Xbox опции, додека играта се игра на горниот екран. 


Доколку навистина постои, Surface Phone го очекуваме го очекуваме при крајот на оваа година, бидејќи Microsoft планира да претстави телефон на преклопување пред Samsung.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.