x

Фотографии од Vivo NEX: Full-screen дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Јуни, 2018 од GSM.mk

Деновиве, се појавија фотографии од Vivo NEX, претходно познат како Vivo Apex, кои го покажуваат неговиот дизајн, заедно со дел од спецификациите..

Фотографиите откриваат дека Vivo NEX ќе доаѓаат со многу тенки рамки од страните и на горниот дел, и со минимална рамка на долната страна. Истотака, скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа под дисплејот. Очекуваме три верзии од уредот - сега за сега познати како Vivo NEX, Vivo NEX A и Vivo NEX S.

Vivo NEX моделите ќе доаѓаат со 6.6 инчен дисплеј, Snapdragon 845 платформа, 8GB RAM и 256GB меморија. Другите две верзии ќе доаѓаат со Snapdragon 710, 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата ќе биде од 4000mAh. 

Благодарение на бенчмарк тестирањата, знаеме дека Vivo NEX S ќе биде премиум моделот, чија цена ќе биде 1100 долари. 

The Vivo NEX S will be the premium model in the series and is powered by the Snapdragon 845 Mobile Platform


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.