x

Galaxy A серијата на Samsung со рекордна продажба!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Април, 2019 од GSM.mk

Galaxy A во моментот е достапна на глобално ниво, но на почетокот беше екслузивно продавана само во Индија. И покрај тоа, серијата постигна неверојатен успех..

2 милиони продадени единици за 40 дена

Имено, за само 40 дена, почнувајќи од 1 март, јужнокорејската компанија успеала да продаде дури 2 милиони единици од Galaxy A уредите. Ваквата продажба е еднаква со профит од отприлика 500 милиони долари што е рекорд во светот на смартфоните.

Благодарение на ваквиот успех, Samsung најверојатно ќе ја постигне својата цел за профит од 4 милијарди долари за Galaxy A линијата до крајот на годината. Всушност, компанијата е сигурна дека ќе ја надмине оваа цел.

The Samsung Galaxy A30 & A50

Galaxy A серијата е клучна за успехот на Samsung во Индија

Нормално, трите модели ќе продолжат да бидат од огромна важност до крајот на годината, но компанијата се надева дека и очекуваниот Galaxy A70, кој ќе биде претставен следната недела, како и Galaxy A80 следниот месец, ќе ја зголемат побарувачката на серијата уште повеќе.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.