x

Galaxy A6 и A6 Plus: Infinity дисплеј и многу повеќе

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Април, 2018 од GSM.mk

YpuTube видеото кое се појави ги покажува новите уреди на Samsung во Galaxy A линијата. Благодарение на @OnLeaks, го имаме целосниот дизајн на смартфоните.

Според видеото, двата уреда имаат сличен дизајн како претходнонајавените Galaxy A8 и A8+. Тоа значи дека ќе имаат висок, 18.5:9 дисплеј, со тенки рамки. Поради тоа, скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа на задната страна, на исто место како кај Galaxy S9 линијата. За разлика од поскапиот Galaxy A8+, новиот A6+ ќе има дуален систем камери. Од друга страна, Galaxy A6 ќе има само една камера.


Galaxy A6 се очекува да има 5.6 инчен AMOLED дисплеј, додека Galaxy A6+ ќе доаѓа со поголем, 6 инчен дисплеј. Во внатрешноста на помалиот ќе се наоѓа Exynos 7870 процесор заедно со 3GB RAM, а Plus верзијата ќе работи на Snapdragon 626 и 4GB RAM. 

Во некои држави, смартфоните ќе бидат познати како Galaxy J8 и J8+.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.