x

Galaxy A8s: Првиот телефон на Samsung со дупка во екранот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Декември, 2018 од GSM.mk

Благодарение на Samsung, започнува нова ера и нов дизајн на дисплејот кај смартфоните. Ова е Galaxy A8s:

Благодарение на "дупката" во дисплејот, А8s доаѓа со неверојатно тенки рамки од страните и голем дисплеј. Станува збор за првиот уред на Samsung со т.н Infinity-O панел. Ова значи дека наместо "notch", селфи камерата се наоѓа внатре во дисплејот. Во однос на останатиот дел од изгледот, станува збор за класичен уред од средната класа. Станува збор за 6.4 инчен панел со LCD технологија, резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19.5:9 сооднос. 

Покрај уникатниот дизајн, A8s нуди и прилично моќни спецификации во внатрешноста. Смартфонот доаѓа со 6GB/8GB RAM и 128GB меморија. Работи на батерија од 3,400 mAh.

На задната страна се наоѓаат три камери - главната камера е од 24 мегапиксели, придружена од 10MP сензор наменет за 2x зум и трета камера од 5 мегапиксели, додека селфи камерата е истотака од 24 мегапиксели. Заедно со камерите, на задната страна се наоѓа и скенерот за отпечатоци. 

Galaxy A8s ќе биде достапен во сина, сива и зелена боја, почнувајќи од 21 декември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.