x

Galaxy A9 Pro: Првиот уред на Samsung со Snapdragon 710 и четири камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Септември, 2018 од GSM.mk

На 11 октомври, Samsung ќе го најави новиот Galaxy A9 Pro - смартфон кој ќе започне нова ера за уредите од средната класа на Samsung во Galaxy A серијата, благодарение на интересните спецификации кои ќе ги нуди..

Покрај тоа што ќе биде првиот смартфон на Samsung кој ќе доаѓа со четири камери, Galaxy A9 Pro ќе биде и првиот уред на компанијата кој ќе работи на новиот Snapdragon 710. Доколку информациите се точни, ги потврдуваат очекувањата за помоќен смартфон дури и од сегашните Galaxy A8 и A8 Plus. 

Во однос на дизајнот, сеуште не се познати информации. Но, се зборува дека Samsung планира да имплементира дизајн кој ќе наликува на оној на Galaxy A9 Star. Тоа значи дека не очекуваат вертикално поставени камери во горниот лев агол на задната страна. Истотака, ако Samsung се не одлучи за скенер под дисплејот, сензорот во форма на квадрат ќе се наоѓа на задната страна, заедно со камерите. 

Бидејќи неговото претставување го очекуваме на 11 октомври, Samsung најверојатно планира да го промовира новиот смартфон како поевтина алтернатива на очекуваниот Mate 20 на Huawei. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.