x

Galaxy F: Што ќе нуди телефонот на преклопување на Samsung?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Ноември, 2018 од GSM.mk

Веќе подолго време слушаме за новиот телефон на преклопување кој го подготвува Samsung. Но, се прашуваме, како ќе изгледа и што точно ќе нуди?

Зашто смартфон би се преклопувал?

Во денешно време, телефоните користат за многу повеќе функции од само обични јавувања. На нив гледаме YouTube видеа, некои гледаат дури и цели филмови, читаме постови, гејмаме и слично. Голем екран е дефинитивно добра карактеристика во таков момент, но од друга страна, смартфонот сепак треба да биде комотен за носење.

Токму поради тоа, телефон на преклопување би бил одлично решение - уред кој ќе има "нормална големина", а по потреба, може да добиете голем дисплеј, речиси колку на таблет.


Како ќе се вика?

Веќе некое време се зборува дека неговот име ќе биде Galaxy X, но како друга опција е името Samsung Wing. Дисплејот на уредот истотака ќе има свое име - Infinity-V дисплеј.

Дизај и хардвер

Во 2017-та, се појави патент на Samsung за 5 инчен дисплеј кој кога ќе се отвори достигнува големина од 7 инчи. Дисплејот ќе се отвара на надворешната страна, што значи кога дека од еден, ќе се добиваат два екрани - еден на надворешната и еден на внатрешната страна. 

The alleged prototype, shown to VIPs, resembled this device

Во однос на внатрешните спецификации, сеуште не се познати никакви детали. Најверојатно ќе станува збор за Snapdragon процесор, придружен од батерија со најмалку 3000mAh и многу RAM. 

Достапност

Според првичните гласини, Galaxy F требаше да биде претставен пред крајот на 2018 година, но тоа најверојатно нема да се случи. Сега за сега, го очекуваме следната година, можеби во февруари, заедно со Galaxy S10?

Во однос на цената.. претпоставуваме дека ваков уникатен смартфон ќе има висока цена. Како една опција е "поскромна" цена од 1850 долари, но не е чудно да чини и над 2000 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.