x

Galaxy Fold 2 пристигнува во септември!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 28 Мај, 2020 од GSM.mk

Според новите информации, Samsung започна со масовно производство на Galaxy Fold 2...

Galaxy Fold 2 ќе биде најавен заедно со Note 20 серијата во август, но официјално ќе биде достапен од септември.

За разлика од Galaxy Z Flip, Galaxy Fold 2 ќе биде вистински флегшип. Главниот дисплеј ќе биде од 7.6 инчи и најверојатно ќе биде компатибилен со S Pen пенкало. Истотака, ќе доаѓа со Ultra-thin стаклото на Galaxy Z Flip, што значи дека ќе биде поиздржлив од Galaxy Fold кој има пластичен панел. Ќе има и систем од три камери (12MP+16MP+64MP) со оптичка стабилизација.

Целта на Samsung е да продаде 3 милиони единици до крајот на годината што е прилично оптимистички со оглед на тоа што целта за Galaxy Fold беше само 500 000 уреди. Пониската цена најверојатно ќе и помогне на компанијата да ја оствари оваа цел.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.