x

Galaxy Fold линијата наскоро добива таблети со двојно превиткување!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Април, 2019 од GSM.mk

И покрај проблемите со дисплејот, Samsung сепак планира да ја прошири својата линија уреди на превиткување со нови таблети..

Станува збор за два таблети, со G-тип и S-тип дизајн, како и значително поголеми панели. G-типот ќе доаѓа со двојно превиткување и ќе има 8 инчен дисплеј кога ќе се отвори, додека другиот ќе се отвара во S-форма и ќе биде уште поголем, од 13 инчи. Ова е слична големина како поголемиот Apple iPad Pro.

Најголемиот новитет кај овие уреди, во споредба со оригиланиот Galaxy Fold, е тоа што панелот нема да се превиткува само еднаш, туку два пати. G-моделот ќе се превиткува внатрешно, додека S-типот ќе може да се превиткува и навнатре и однадвор.


Кое е вашето мислење? Дали би биле заинтересирани во таблет на превиткување? И дали Samsung ќе успее да претстави функционален Galaxy Fold уред?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.