x

Galaxy J6 (2018): Телефонот на Samsung со буџетска цена, а премиум спецификации

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 01 Септември, 2018 од GSM.mk

Претставен точно на време за летото, еден од поновите уреди на Samsung, J6 (2018), импресионира со својот дизајн, перформанси и одлична цена..

Понов член на Galaxy серијата. Уште на прв поглед, Samsung Galaxy J6 (2018) ќе ве импресионира со својот 5.6 инчен Super AMOLED дисплеј, пластична, но компактна конструкција и одлични внатрешни карактеристики.

Како што рековме, уредот доаѓа со 5.6 инчен Super AMOLED дисплеј, резолуција од 720 x 1480 пиксели и 18.5:9 сооднос. Иако нема директен претходник, J6 е технички следбеник на J7 (2017) во однос на спецификации и перформанси. 

Во внатрешноста на смартфонот се наоѓа Exynos 7870, придружен од две верзии - една со 4GB RAM и 64GB меморија и друга со 3GB RAM и 32GB меморија. Батеријата е од 3000mAh. 

Една од најпривлечните карактеристики на J6 се неговите камери. На задната страна имаме 13, а на предната 8 мегапикселна камера. Иако на прв поглед, селфи камерата е со помала резолуција од онаа на Ј5 (2017), која беше од 13 мегапиксели, успешно прави фотографии до 3264x2448 во 4:3 и 2560x1440 во 16:9. Покрај тоа, двете камери се придружени од LED блиц, за одлични фотографии при ниска светлина. 

Фотографија направена со задната камера

Фотографија направена со предната камера 


Во ера на големите и непрактични телефони, доколку сте во потрага по компактен уред со одлични перформанси, а прифатлива цена, Galaxy J6 (2018) е изборот за вас.

Уредот може да го најдете во Ledikom.mk, по одлична цена од 9,990 ден. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.